Црногорската полиција бара докази за шверц со цигари во пристаништето Бар

Шверц на цигари/Фото: МИА

Припадници на црногорскиот Сектор за борба против криминалот утрово влегоа во пристаништето Бар, каде трагаат по докази за шверц на цигари во милионска вредност, објави подгорички весник Вијести.

Весникот објави дека тие „обработуваат документација на компаниите што се занимаваат со увоз на разни видови стоки, како и царинскиот магацин во слободната зона на Барското пристаниште”.

За борба со шверцот на цигари преку пристаништето Бар неодамна спомена лидерот на Движењето за промени, Небојша Медојевиќ.

На крајот на мај, тој тврдеше дека за 15 дена од 80 до 100 контејнери со шверцувани цигари го напуштиле царинскиот магацин во слободната зона во пристаништето Бар, чија вредност се проценува на 26 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот