„Црната смрт“ се шири во Монголија: 15-годишно дете почина од чума

Два случаи на чума се неодамна забележани во блиската провинција Ковд, а стотина луѓе се вакцинирани.

Петнаесетгодишно момче почина од бубонска чума во Монголија, а десетина луѓе кои биле во контакт со него се во изолација.

Русија и Кина, минатата недела предупредија дека дошло до ширење на „црната смрт“.

Неименуваниот тинејџер добил висока температура откако јадел месо од мрмот со двајца пријатели. Починал три дена подоцна, пренесе Дејли мејл.

Бубонска чума е бактериска болест која ја шират болви кои живеат на глодачите како што е мрмот. Убива за помалку од 24 часа доколку не се реагира веднаш.

Детето починало во западната монголиска провинција Гови-Алтаи, соопшти Националниот центар за зоонотски болести.

Два случаи на чума се неодамна забележани во блиската провинција Ковд, а стотина луѓе се вакцинирани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот