Црна Гора: Туристите кои ќе се заразат со коронавирус ќе се лекуваат на сметка на државата

Свети Стефан Црна Гора
Свети Стефан, Црна Гора / Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Во пресрет на туристичката сезона во Црна Гора, се финализираат здравствените протоколи, а Владата донесе одлука да им обезбеди на странските туристи кои за време на престојот во земјата ќе се заразат со коронавирус, да се лекуваат на сметка на државата.

Црногорскиот министер за економски развој Јаков Милатовиќ на прес-конференција рече дека здравствените протоколи следната недела ќе бидат дистрибуирани до туристичкиот сектор и амбасадите и ќе бидат на англиски и руски јазик.

Министерката за здравство на Црна Гора Јелена Боровиниќ Бојовиќ, рече дека се обиделе да го поедностават протоколот и оти на туристите ќе им биде објаснето како да се однесуваат ако почувствуваат симптоми на Ковид-19 или се заразат со Ковид-19, пренесува „Вијести”.

– Владата донесе одлука туристите кои ќе се разболат од Ковид-19 за време на престојот во Црна Гора и ќе бидат хоспитализирани да бидат лекувани на сметка на државата, рече таа.

ПЦР тестирањето доколку им е потребно на туристите при враќање во нивната земја, ќе се врши непречено на два начини – едниот ќе биде организиран со помош на Институтот за јавно здравје на Црна Гора и ќе се изведува бесплатно, а туристите ќе можат да прават тестови и во приватни лаборатории.

Сите хотелиери ќе одвојат 10 проценти од капацитетот за можни случаи на Ковид-19, најави Боровиниќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот