ЦБ на БиХ: Дијаспората лани испрати 1,5 милијарди евра

Банката нема податоци од која земја доаѓаат најмногу лични дознаки.

Според податоците на Централна банка на Босна и Херцеговина, вкупните тековни трансфери од странство во 2019 година изнесувале 2.2 милијарди евра.

Од вкупниот трансфер, 1.5 милијарди евра се парични дознаки од странство и други тековни трансфери, во кои спаѓаат и пензиите од странство – 685 илјади евра.

– Според тие податоци очигледно е дека постои тренд на континуирано зголемување на обемот на дознаките испратени од дијаспората во Босна и Херцеговина, истакнаа од Централна Банка и додаваат дека немаат податоци од која земја доаѓаат најмногу лични дознаки.

Износот на личните трансфери е зголемен за 9,66 проценти во однос на крајот на 2018 година, кога  изнесуваа 1.37 милијарди евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот