Царовска: Светот одамна применува модел на интеграција на предмети

Предметите историја и географија во сите развиени земји се интегрирани тематски како научни дисциплини. Постојат, секако, модуларно поставени, но темите кои ги разгледуваат тоа го прават заеднички и по двете науки и дисциплини за да може од фактографско да минеме кон учење со размислување и критичко размислување. Светот одамна ги спроведува овие концепти, рече министерката за образование и наука, Мила Царовска, во одговор на пратеничко прашање на Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.

– Интеграцијата се прави за нашите ученици, идни продуктивни граѓани на оваа држава, да можат да донесуваат одлуки и главно да може некој, како вашата партија, ако се обидува да создава лажни вести и да манипулира, да може да проценат дали тоа е вистина или не е вистина, рече Царовска.

Министерката истакна дека е пресреќна што за нацрт-концепција се дискутира многу.

– Имаме и академици и професори и наставници и директори и институции кои на прочитана концепција даваат конструктивни коментари за да таа биде подобра. Знаете зошто, заради тоа што оваа држава има во себе прогресивни сили кои ќе дадат сé за да го унапредат образованието, како основа на државата како основа на која ја покажува кој се залага за јавно добро, а кој се залага само за своите лични интереси, рече Царовска.

Таа истакна дека овој процес се води исклучиво транспарентно со вклученост на многу засегнати страни во дебатите наставници, директори, академици, професори, граѓански организации, меѓународни организации, пратеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот