Царовска и Заев им посакаа успешна година на сите првачиња (ФОТО +ВИДЕО)

Мила Царовска и Зоран Заев седнаа на училишните клупи / 1 октомври 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Во училишниот двор на ОУ „Јан Амос Коменски“ првачињата се запознаа со наставниците, а присутни беа и премиерот Зоран Заев и министерката за образование Мила Царовска.

Премиерот се обрати на учениците / 1 октомври 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

Топло добредојде на учениците им посака и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

– Оваа генерација на ученици ќе биде запаметена како темел на едно поинакво, дигитално и европско образование. Маските ви го покриваат лицето, но не и вашата желба за учење – порача Богоев.

1 октомври 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

Тој ги охрабри и наставниците и родителите, истакнувајќи дека со правилна работа и одговорност образовниот систем и во овие услови ќе биде успешен.

Свое обраќање потоа имаше и министерката Царовска, која им посака среќен почеток на сите ученици и наставници.

– Драги првачиња денеска е посебен ден за вас затоа што денеска првпат ќе седнете во училишна клупа и ќе станете ученици. Мене ќе ми биде драго ако оваа година ви е интересна. Можеби ќе биде поинаква, но и потешка во дадени моменти, но сигурна сум дека ќе биде успешна. Вие сите носите маски и токму со наставниците треба да зборувате зошто ги носите, зошто треба редовно да миеме раце и да држиме дистанца. Драги наставници, директори за првпат сме во оваа ситуација и сите ние се прилагодуваме на новото време, но ако се грижиме за равојот на децата тогаш сме ја завршиле работата. Во мене можете да гледате партнер за заедно да направиме на децата да им е полесно. Овој предизвик ќе го надминеме и ќе покажеме дека и во ваква ситуација знаеме да организираме успешна година – порача Царовска.

Мила Царовска / 1 октомври 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

Премиерот Заев истакна дека со почитување на мерките и оваа учебна година ќе биде успешна.

-Се радувам што сум овде исто како и децата. Денеска сите првачиња го заслужуваат најголемото внимание и сме должни да и го дадеме. Мене ми е посебно драго што во ова училиште можам да ви го честитам првиот училиштен ден. Овој ден е посебен и ќе го паметите цел живот. Ова е првиот од илјадниците денови на училиште. Знаењето кое ќе го примате ќе ви помогне да станете лекари, градители, сликари, новинари, глумци и така натаму. Оваа школска година не е како минатите, сите мора да сме солидарни и да се придржуваме до мерките. Само така ќе се погрижиме да биде прва и последна година. Ученици, постојано носете маска и често мијте ги рачињата. Ова да го повторуваме секој ден и да си го кажуваме меѓусебе постојано – порача Заев.

Премиерот се обрати на учениците / 1 октомври 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

(ГАЛЕРИЈА) Маски, дистанца и мерење на температура: Првиот училишен ден низ објективот на Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот