Сефер Цановски

Цаноски: Слобода на изразување, правдата и реален попис на населението се предвесници дека промените се случуваат, не бојкотирај!

Слобода на изразување, правдата и реален попис на населението се предвесници дека промените се случуваат, и се почеток кон Европски или поцивилизиран пат кон иднината, напиша на својот фејсбук профил познатиот бизнисмен и сопственик на ФОН Универзитетот, Сефер Цаноски.

 

-Торбешите се Македонци-муслимани, кои говорат на македонски јазик. За некого Терминот „Торбеши“ во некои случаи има негативна и погрдна конотација. Специфични по неколку особини и познати како вреден и чесен народ. Тажна е судбината на овие наши луѓе ако се погледне низ минатото. Во историјата многу фамилии се отселени, претежно во братска Турција во Европа и Америка. Низ истите региони и ден денес ќе најдете полупразни села. И ден денес со светлосна брзина, овој народ се иселува или сака да се отсели. Порано можеби причините и околностите биле различни. Денес и многу од нив слични. И не дека нешто ќе се промени во оваа насока за брзо време, но овој народ има можност да го исполни Аманетот на генерации и да биде почитуван и каков што е, признат или свој на своето. Тој сон според мене може да се исполни само и само ако ги има стокмено и во една графа се попишани како:( торбеши/ помаци/ горанци/ мак. Муслимани, туркбаши и сл.) , називи кои карактеризираат една и иста група на народ со специфична различност и со карактеристична посебност во делот на обичаи, носии, култура – од дримкол до Гора и од Дојран до Река. Народ кој говори чист македонски јазик, голем дел зборува турски и албански јазик, народ кој бескрајно си ја сака својата татковина.Во Македонија живееле моите предци, јас живеам и  планирам да живеам, и се надевам дека моите идни генерации и натаму ќе живеат, креираат и работат овде во нашава земја. Сите сме исти и сите сме различни, но за мене има два типа на народ: Оној кој не се држи заедно и сака да види црнила и песимизам, и оној кој знае како да се држи заедно и гледа со светлост и перспектива. Слобода на изразување, правдата и реален попис на населението се предвесници дека промените се случуваат, и почеток кон Европски или поцивилизиран пат кон иднината. Не бојкотирај! За прв пат имаш шанса. Биди – Свој на своето, вели Цановски во својата објава. 

Торбешите се Македонци-муслимани, кои говорат на македонски јазик. За некого Терминот „Торбеши“ во некои случаи има…

Posted by Sefer Canoski on Monday, March 22, 2021

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот