Цакај: Не постои таен договор, ниту поделба на Косово

Министерот за надворешни работи на Албанија, Гент Цакај, изјави денеска дека по неговата посета на Вашингтон му е јасно дека нема поделба на Косово и дека нема таен договор.

Тој на заедничката конференција со премиерот Еди Рама во Приштина рече дека посетата на Вашингтон била планирана претходно и дека не била директно поврзана со прашањето за Косово.

– Единствената средба за Косово беше средба со г-дин (Ричард) Гренел. Од таму имам три пораки. Првата, нема таен договор. Втората, нема поделба на Косово и третата, нема потреба од брзање за договор поради некој интерес во однос = на американските избори. рече Цакај. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот