Црвенковска: Ако бројот на судии се намали, ќе расте бројот на нерешени предмети

Фото: Павлина Црвенковска/Screenshot YouTube

Во Судскиот совет има околу 480 претставки за утврдување одговорност кај судии поднесени од граѓани, правни лица, невладини организации.

Претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска во интервју за МИА вели дека сите претставки се распоредени кај членовите на Судскиот совет и дека за толкав број претставки е неопходно подолго време додека ги поминат сите, а во меѓувреме постојано стигаат и нови.

– Судскиот совет еднаш во месецот одржува седница посветена на граѓанските претставки и на тие седници се носат одлуки за десетици предмети, откако претходно членовите на Советот ќе реферираат за секоја претставка одделно, појаснува Црвенковска.

Таа во интервјуто вели дека во моментов имаме околу 490 судии, што значи повеќе од европскиот просек, но и дека и во ваква ситуација имаме неажурни судови, кои не успеваат да ги совладаат сите предмети.

-Ако бројот на судии се намали, тогаш пропорционално ќе расте бројот на нерешени предмети и ние постојано ќе го трупаме судството со нови и нови предмети, вели Црвенковска.

Претседателката на Судскиот совет не се согласува со одредени заклучоци и мислења од спроведениот мониторинг за работата на Судскиот совет, бидејќи, според неа, не соодветствуваат на реалната состојба, на реалните ситуации што се во Судскиот совет.

Целото интервју со Претседателката на Судскиот совет МИА ќе го објави утре.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот