Црвена звезда објави тажна вест: Почина мачката Љубица – симболот на салата „Пионир“
Кошаркарскиот клуб Црвена звезда преку социјалните мрежи соопши тажна вест. По долги 18 години, почина познатата мачка Љубица која беше симбол на салата „Пионир“, а практично и на самиот клуб. Црвено-белите ја објавија веста преку својот официјален профил.
Препорачано
Мачката Љубица беше вистински спортски феномен во Србија, бидејќи не пропушташе ниту еден тренинг на Црвена звезда во „Пионир“, а често беше присутна и на натпреварите. Таа живееше во салата „Пионир“, каде што била оставена како мало маче. Со години добиваше грижа и храна, а нејзиното „намуртено“ лице стана препознатливо за многумина.
Во последниот период имаше и здравствени проблеми и во ноември 2025 година мораше да биде однесена на ветеринар, а сега за жал ја загубила битката.
„Со голема тага ја информираме јавноста дека мачката Љубица почина во својот Пионир, каде што 18 години беше дел од бројни настани и натпревари и освои многу симпатии кај домашната и странската јавност“, се вели во соопштението на Црвена звезда.
Са великом тугом обавештавамо јавност да је @ljubicathecat преминула у свом Пиониру, где је 18 година била актер многобројних догађаја и утакмица и побрала многе симпатије домаће и стране јавности. https://t.co/y3v1HuyKHw pic.twitter.com/XJfVchAf4a
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) February 5, 2026


