Црвен аларм во текстилната индустрија: Нема кадар, а условите се мизерни

Работници во текстилна фабрика / Фото: СП. архива

Текстилната индустрија е во криза, младите си заминуваат од државата, а стопанствениците остануваат без работна сила. За ова меѓудругото апелираше здружението на граѓани на текстилната, кожарската и чевларската индустрија „Гласен Текстилец“ од Штип кое посочи дека црвениот аларм е вклучен, потенцирајќи дека условите во оваа индустрија и понатаму се мизерни и тешки .

-Газдите во Македонија веќе немаат кадар, па веќе и тој што го имаат го губат. Во текстилната индустрија речиси и да нема млад персонал, а и како би имало кога знаат дека треба да работат во мизерни услови. Според мене, младите можат да се задржат само со покачување на платите, како и со уважување на работничките права што треба да бидат еднакви за сите, а на сметка на тоа газдите да намалат со обновување на нивниот возен парк … Помалку сива економија и повеќе плаќање на даноците кон државата, еве, решението е едноставно! – истакна Кристина Ампева од Гласен Текстилец.

Според првата жена на „Гласен Текстилец“, Ампева во Македонија празниците важат само за државната администрација, но не и за приватниот сектор.

Кристина Ампева – ФОТО/Screenshot: Youtube

– Секој работник треба да има избор за тоа дали ќе одлучи да работи на празник, а ако одлучи, тогаш треба да земе двојна дневница. Затоа и нашите бизнисмени се плашат од странската конкуренција, бидејќи тие ги плаќаат сите празници и сите дополнителни работни часови, рече таа.

Ампева не е оптимист ниту за новиот предлог за породилно отсуство кој треба да гарантира посебна заштита на работниците за време на бременост. Првично, се предвидува породилното отсуство да се дели на мајчинско, татковско и родителско.

– Сметам дека ќе има повторно проблеми … не е наведено исплаќањето на тоа отсуство, повторно нема заштита на бремените жени кои се на договор на определено време. Се надевам дека со јавна распраава ќе можеме да ги корегираме пропустите, не можеме да зборуваме за родова еднаквост а жените повторно да бидат занемарени во поглед на бременоста. Државата треба да даде сигурност, но и да помогне на родителите за време на подорилното отсуство, па така и ќе придонесе во подобрување на демографската политика со зголемвуање на наталитетот, заклучи Ампева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот