Црногорскиот Совет за одбрана и безбедност ќе одлучува за востоличувањето на српскиот митрополит

Во Подгорица утре ќе се одржи Седницата на Советот за одбрана и безбедност на Црна Гора која треба да ги разгчеда ебзедносните риззици од најавите за устоличување на Митрполитот Црногорско- приморски Јоаникие на Цетиње

Како што е најавено во соопштението, на седницата ќе се анализира безбедносната состојба во Црна Гора и ќе се донесат одлуки за активностите на надлежните државни органи во надминување, како што се наведува, безбедносни предизвици инспирирани од закажаното востоличување на црногорскиот митрополит Јоаникие

Агендата вклучува и усвојување, на, како што е наведено правилата за ангажман и националните ограничувања за време на учеството на припадниците на Армијата на Црна Гора во мисијата на КФОР на територијата на Косово и Метохија, разгледување на предлози за подобрување на состојбата капацитети за справување со бројни пожари активни во последните недели.во Црна Гора, персонал и други прашања во надлежност на Советот.

Патриотскиот Комитски сојуз, кој се противи на востоличувањето на избраниот митрополит Јоаникие, побара во вторникот Ѓукановиќ итно да го свика Советот за одбрана и безбедност, по повод на, како што оценија, алармантната ситуација во која актуелната црногорска влада на премиерот Здравко Кривокапиќ ја доведе Црнагора

Црногорските комити бараат Подгорица да ги извести партнерите од НАТО дека низ териоријата на Црнагоракако што тврдат, „шетаат добро обучени и вооружени припадници на српската армија“ задскриени под мантијата на СПЦ.

Од друга страна пак, Митрополитот Црногорско приморски, Јоаникие, повтори дека неговото востоличување ќе биде одржано во Цетиње на 5 септември, и покрај повиците да се помести датата на востоличувањето поради зголемените тензии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот