Црната ролка: скромна владетелка на стилот со векови

црна ролка
Фото: Profimedia

Постојат парчиња облека кои никогаш нема да излезат од мода. Ќе се одолговлекува со децении, понекогаш и со векови, можеби ќе ја смени основната намена, но на некој магичен начин ќе остане непоправливо актуелено. Едно од овие парчиња е дефинитивно црната ролкна.

Кога мислиме на црната ролка денес, веројатно мислиме на Одри Хепберн или на еден од познатите егзистенцијалисти. Сепак, црната ролка е повеќе од патентот на филмот на Одри „Смешно лице“ и повеќе од карактеристика на филозофскиот стил на една генерација. Зад оваа навидум едноставна облека се крие историја, многу важни личности, па дури и неколку општествени движења.

Ова е приказна за господарката на стилот – за се‘ што преживеала, се‘ што произвела и се што означувала, а означува и денес, не само во модниот свет, туку и на поширокиот општествен план.

 

Кратка историја на црната ролка

Црната ролка првпат се појавила во средината на 16 век, кога ја  носеле членовите на англиската аристократија. Кралицата Елизабета Прва била позната по блузите и фустаните со т.н со висок врат, а често носела црна ролкна под богатите слоеви на тантела и накит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matthew (@mjw75077)

Иако се чинело дека црната ролка  на некој начин ќе остане кралски симбол, тоа не беше така. Во текот на 19 век, англиските поло играчи ќе ја  користстат како дел од спортски дрес на натпреварите. Оттука, на англиски, најпрвин во британскиот изговор, за ролката е зачуван терминот „polo neck“, покрај познатиот „turtleneck“.

Во текот на 30-тите и 40-тите години на 20 век, црната ролкна стана класичен дел од гардеробата на просечниот американски работник, а исто така беше дел од официјалната американска униформа за време на Втората светска војна (овој пат направена од тешка волна).

Во овој период, а особено во 50-тите, црната ролка конечно ќе успее да се пробие на модната сцена и да стане императив на стилот, благодарение на познатите личности кои ја прославија.

Академици, филозофи, интелектуалци, уметници – сите го носеа ова моќно парче облека. Црните  “цигара“ панталони , црното здолниште и црните чевли набргу  станаа вечна и непогрешлива комбинација. Одри Хепберн ја лансираше еднаш засекогаш во нејзиниот филм „Смешно лице“. Црната ролка на една од најубавите жени на сите времиња под силните светла на Париз стана вистинска дефиниција за стилот.

Жан Пол Сартр, Албер Ками, Симон де Бовоар и цела констелација егзистенцијалисти ја овековечија црната ролкна како одлика на интелектуален, донекаде мистичен стил, кој беше неминовно и остана привлечен за секого.

Во деценијата која следеше, црното здолниште стана дел од свечената гардероба, заменувајќи го костумот и вратоврската. Се верува дека модните дизајнери Пјер Карден и Ив Сен Лоран се најзаслужни што го пробија ова парче меѓу деловниот свет. Класичната бела кошула ја заменија со црна ролка, а вратоврската со шал.

На овој начин, ролката започнува да го освојува поширокиот пазар, а тогашните бизнисмени станаа далеку помодерни и поелегантни од порано.

Во едно издание на Њујорк Тајмс од 1967 година пишува:

„Црните ролки на Менхетен се неизбежни како и загадениот воздух, а луѓето кои постојано ги носат се чувствуваат како да го избегнале конформизмот на костумите и вратоврските.“

Конечно, во текот на 1970-тите, црната ролка значително го одбележува феминистичкото движење. Глорија Стајнем најгласно се залагаше за еднаквост меѓу мажите и жените во тоа време, но особено во областа на облекувањето. Во своите говори таа често носи црна ролка, и стана, така да се каже, симбол на ова силно општествено движење.

Што е толку магично во црната ролка?

Пред сè, многу е благодарна за носење – не само затоа што совршено одговара на телото, туку оди во корист на самодовербата.

Кога ќе облечеме црн ролка, сè на нас  одеднаш изгледа многу поубаво и помазно. Високиот врат на ролката чини да изгледаме речиси скулптурно. Модниот дизајнер Рој Халстон за ова ќе изјави:

“Црната ролка е најудобното и најубавото парче што можете да го носите. Се движи со телото, се прилепува за него, го нагласува лицето и ја издолжува фигурата. Тоа едноставно го прави животот толку едноставен“

Уште повеќе, значењето на ова парче облека станува се‘ поголемо  откако ќе се запознае негова целата историја. Носејќи го се поистоветуваме со Мерлин Монро, Софија Лорен, Камил, Ворхол, Стив Џобс…

Овде е интересно да се погледне фактот дека многу моќни и познати личности имале многу едноставен стил на облекување и често ја носеле истата комбинација во текот на животот, а токму тоа создавало најсилен впечаток.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Character Head (@characterhead)

Стив Џобс, човек кој остана запаметен по комбинацијата „црна ролка-Левис 501“, ќе запознае еден од нивните дизајнери на патување во Јапонија и се  воодушевува од неговата колекција на црни ролки. Тој бил толку импресиониран од нивната едноставна автентичност што решил тие да станат негова униформа.

Тој побара од дизајнерот да му направи стотици идентични ролки, а на новинарско прашање зошто се држи само до една единствена комбинација, тој ќе рече:

„Црните ролки се она што јас го носам. Имам доволно од нив да траат до крајот на мојот живот и тоа совршено ми одговара“.

Црната ролка денес

Од денешна перспектива, не треба да биде нималку необично што црната ролкна е сепак задолжително парче во секој машки или женски плакар.

Како што Глорија Стајнем се бореше за еднаквост носејќи црна ролка, така и денес низ модните синџири за ѓирока потрошувачка се турка идејата за т.н. унисекс гардероба. Женските бутици се преплавени со облека со мотиви на воени маскирни униформи, бојфренд фармерки, па дури и женски вратоврски. Така, црната ролка значително го забрза процесот  за пропагирање на родова еднаквост.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by COSMOSARTIUM (@cosmosartium)

Како што Грета Гарбо или Жан Пол Сартр се чувствуваа супериорно и интелектуално носејќи црни ролки, така се чувствуваме и ние денес. И зарем богатата историја на едно парче облека не е она што го одржува во живот на крајот?

Целата тајна на добриот изглед е сумирана во само едно, навидум обично, безначајно парче – едноставност, став и физика. Стиловите се менуваат, епохите минуваат и доаѓаат, но очигледно црната ролка уште долго ќе остане константна.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот