Милојко Спајиќ / Фото EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Црна Гора го укинува безвизниот режим за државјаните на Турција

Владата на Црна Гора ќе го укине безвизниот режим за граѓаните на Турција во понеделник – по итна постапка, објави премиерот Милојко Спајиќ доцна вечерта во неделата на социјалната мрежа X.

„Ќе започнеме интензивни разговори со Турција со цел да го пронајдеме најдобриот модел во заеднички интерес, во духот на добрата соработка и сојузништвото“, изјави Спајиќ.

Оваа одлука на црногорската влада следи откако во тепачка во подгоричката населба Забјело турски државјани избодеа младo момче.

Жителите на подгоричката населба Забјело се собраа синоќа на протест откако група турски државјани нападнаа и избодоа еден нивен сограѓанин претходната ноќ. Во исто време, црногорската полиција спроведе рации и приведе 45 турски државјани, пренесе Побједа.

ВИДЕО | Рации и апсења во Подгорица откако Турци избодеа млад човек, граѓани се собраа на протест

Од вкупно приближно 100.000 странци во Црна Гора, 13.400 се турски државјани, според официјалните полициски податоци. Мнозинството се државјани на Србија и Русија, вкупно околу 50.000.

Патем, Турција е меѓу земјите чии визи беа укинати од Црна Гора, поради што Европската комисија ѝ наложи на Подгорица да ја усогласи својата визна политика со Европската Унија. На турските граѓани им е потребна виза за влез во земјите од ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот