Тепачка во Црна Гора / Фото: принтскрин

ВИДЕО | Рации и апсења во Подгорица откако Турци избодеа млад човек, граѓани се собраа на протест

Жителите на подгоричката населба Забјело се собраа синоќа на протест откако група турски државјани нападнаа и избодоа еден нивен сограѓанин претходната ноќ. Во исто време, црногорската полиција спроведе рации и приведе 45 турски државјани, пренесе Побједа.

Полицијата досега идентификуваше и приведе двајца турски државјани кои се поврзани со синоќешното ранување на жителот на Подгорица, М.Ј. со ладно оружје.

Како што објавија медиумите во Подгорица, група турски државјани викендов нападнале група жители на Подгорица, а еден од младите мажи од Подгорица добил седум убодни рани со нож.

Во официјалното соопштение на црногорската полиција е наведено дека синоќа, половина час по полноќ, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка во која учествувале неколку лица, а во која едно лице се здобило со телесни повреди во градите и рацете.

Црногорските медиуми претходно објавија дека во подгоричката населба Забјело, каде што се спроведуваа рациите, владеела состојба на опсада, додека од друга страна, револтирани од чинот на насилство, бројни жители на населбата се собрале и постојано извикувале навредливи
слогани против Турците.

Голем број полицајци и инспектори биле на местото на настанот, а контролирани биле и неколку локации во тој дел од црногорската престолнина.

Медиумите, исто така, објавија дека тројца турски државјани дури и се забарикадирале во казино откако, според очевидци, група мештани се обиделе да се пресметаат со нив. Откако ги извеле од казиното, полицијата привела двајца од нив, а се сомнева дека еден од нив бил вмешан во нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот