Фото; Pixnio.com

Никој во институциите веќе нема да може да чува предмети по фиоки, тврди министерот Андоновски

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостување на ТВ „Алфа“ рече дека се ближи крајот на чувањето предмети во фиоки во институциите, благодарение на електронската архива и системот за управување со документи.

„Ние имаме Национален документ-менаџмент систем со електронска архива, којшто автоматски, кога ќе внесете предмет во архива, таа му доделува број и никој веќе не може да го изгуби тој предмет, не може тој предмет да се заборави, да биде во фиока. Точно се знае кога ќе влезе предметот во институцијата, каде е тој распределен, кој е одговорен за него и колку време стои во определена фаза на постапката“, рече министерот.

Тој уверува дека предмети повеќе нема да бидат губени или заборавани од државните органи.

„Мојот предлог е и јавното обвинителство да го преземе овој наш систем и целата документација електронски да ја архивираме, за секој нов предмет кога ќе пристигне во ЈО како кривична пријава или преставка од граѓани, тој веднаш да биде електронски заведен. Тогаш веќе нема да може определни обвинители да заборават предмети, да ги изгубат, а раководителите во обвинителството ќе може да ги следат тие предмети. На тој начин бришеме уште една можност за корупција”, вели Андоновски.

Интервју со министерот Андоновски: Како ќе функционира Дигиталниот паричник во земјава?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот