Чупиќ ја потврди лошата вест – Вардар останува без еден од најдобрите ракометари
Вардар по завршувањето на сезоната ќе остане без еден од клучните ракометари во составот, украинскиот интернационалец Дмитри Хориха ќе ја продолжи кариерата во унгарскиот гигант ПИК Сегед, а неговото заминување во изјава за хрватскиот портал „Спортске новости“ го потврди тренерот Иван Чупиќ.
Препорачано
Чупиќ откри дека клубот веќе активно го креира тимот за следната сезона, со јасна цел, враќање во европската елита. Вардар не настапил во Лигата на шампионите веќе четири години, а во Скопје се надеваат дека тоа наредната сезона ќе се промени.
„Градиме тим за новата сезона, сакаме да се вратиме во ЛШ каде што Вардар нема играно четири сезони. Поставивме цели околу новиот тим, бараме уште две засилувања и тоа би било тоа. Летово ќе ни замине Хориха во ПИК Сегед, ама доаѓа словенецот Леон Љевар. Воркапиќ и Силва дојдоа порано од планираното бидејќи останавме без Талевски и Борозан. Ќе пристигне и голманот Милан Бомаштар“, изјави Чупиќ.
Под водство на Чупиќ, Вардар игра одлична сезона. Тимот е на чекор до враќање на шампионската титула во македонскиот ракомет, а во Европската лига на ЕХФ веќе обезбеди директно место во четвртфиналето.
Вардар 1961 славеше во дербито над Еурофарм Пелистер и е поблиску до титулата
Неизвесна е судбината на бекот на РК Вардар 1961: Дмитро Хориха е „ни на небо ни на земја“


