Чулев се договорил со Јордановска и Коровешовска утре да го пријават случајот во СВР-Скопје

Тој најостро ги осудува сите манифестации на насилство, закани и навреди кон новинарите и другите претставници на медиумите.

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев денеска лично контактирал со новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска кои добивале закани од Емил Јакимовски, вработен во Централниот регистар.

Чулев за МИА изјави дека со Јордановска и Коровешовска е договорено утре да дојдат во СВР – Скопје, да ги пријават случаите и да ги донесат материјалните докази со цел итно процесуирање во Основното јавно обвинителство.

Тој најостро ги осудува сите манифестации на насилство, закани и навреди кон новинарите и другите претставници на медиумите.

– Сакам да упатам апел дека министерот за внатрешни работи нуди целосна соработка и поддршка за сите вакви случаи на насилство со цел идна превенција на закани и други форми на насилство. Јас лично како министер им стојам на располагање на медиумските работници 24 часа. Би сакал да потенцирам дека во контакти со здруженијата на новинарите и врз основа на добиени информации од службите на МВР ќе настојувам да се расветлат и сите досегашни закани и форми на насилство врз медиумските работници кои досега не се разрешени, рече Чулев за МИА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот