Чулев до Спасовски: Треба да поднесеш оставка затоа што ти оставив комплетирана истрага, а ти една година не презема ништо

Наќе Чулев и Оливер Спасовски / Фото: Архива на „Слободен печат“

Поранешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев откако беше споменат од страна на актуелниот министер Спасовски се обрати преку социјалната мрежа Фејсбук.

-Недозволиво е земја членка на НАТО и претендент за членство во ЕУ да дозволи со години да биде сериозна логистичка база за најозогласени криминални транснационални картели со активности на сите континенти. Токму тоа со своето нестручно, непрофесионално и зачудувачки незаинтересирано и дефокусирано однесување го овозможи актуелното раководство на МВР, на чело со министерот Оливер Спасовски кој замислете имаше речиси цели четири години за да ја заврши истрагата.

Наведената истрага беше речиси хибернирана во периодот кога стапив на функцијата министер за внатрешни работи, за да со целосна посветеност колегите, и покрај сите опструкции во периодот на техничката Влада, се мотивираат и се даде максимум за нејзино реактивирање.

Истрагата беше речиси комплетирана во периодот кога бев министер, но заради задржување на професионален однос и несакањето да биде ставена во контекст на парламентарните избори, истата не финишираше односно не беше обелоденета.

Која е причината поради која се чекаше недозволиво долг период кога во континуитет се издаваа македонски пасоши исклучиво знае Оливер Спасовски и одговорноста е исклучиво негова. Тој е министерот на кој редовно намерно или ненамерно му се случуваат сериозни пропусти во работењето што резултира со последици по меѓународната репутацијата и интегритетот на државата, а што се отсликува и со рапидниот пад на Македонија на листата на земји по степен на корумпираност.

Сега е крајно време Оливер Спасовски, да понесе најмалку морална и политичка одговорност, и да ја препушти оваа одговорна функција на личност која максимално посветено и чесно ќе ја извршува истата. Тој има обврска одговорно и согласно со законите да ја извршуваа таа функција и за тоа не треба да биде потсетуван и да му се врши притисок од страна на опозицијата, граѓаните и странските партнери кои пак очекуваат бескомпромисна борба со организираниот криминал и корупција, напиша тој во својата фејсбук објава.

❗️Недозволиво е земја членка на НАТО и претендент за членство во ЕУ да дозволи со години да биде сериозна логистичка…

Posted by Наќе Чулев on Tuesday, April 6, 2021

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот