Чудно, но вистинито: Шетала по плажа и пронашла заб од мамут стар 1,8 милиони години

Фото: TheGazette / Tviter / X

Крис Биен (56) шетала по плажата во Есекс, Англија, кога забележала необична „брановидна линија“ во песокот. Таа се приближила и сфатила дека открила нешто посебно.

Оваа жена е страстен „ловец на фосили“, а овој пат имала неверојатна среќа. Таа пронашла, ни помалку ни повеќе, туку заб на степски мамут!

Плажите во Северен Есекс се познати по своите фосилизирани богатства, но Крис била секако изненадена.

– Го видов како ѕирка од песокот и помислив дека можеби е заб. Копав со рацете, бидејќи беше длабоко во песокот – објаснила Крис.

Забот е целосно фосилизиран, долг 17 сантиметри и тежок околу два килограми, пишува „Њујорк пост“.

 


Степски мамут талкал по Земјата пред 1,8 милиони години, а Крис верува дека пронашла само половина од забите.

Таа планира да го потопи во дестилирана вода, неколку недели, пред да го конзервира со лепак и етанол.

– Сакам луѓето да знаат за богатата историја на овие простори. Наша должност е да пријавиме вакви откритија, но би сакала да го задржам и да и го покажам на јавноста – рекла Крис, член на археолошкото друштво Хаув.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот