Човек загина откако врз него се урна тунел во БиХ

Илустрација/ Архива

Во босанскиот град Невесиње, БиХ, едно лице загина откако врз него се урна тунелот „Зови до“. Двајца други работници со полесни повреди се пренесени во болницата во овој град.

Во Полициската станица било пријавено дека се урнал тунелот „Зови До“ во Џинова Махала во Невесиње, Република Српска. Во несреќата загинало лицето со иницијали А.Ѓ.

Дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство Требиње заедно со полицајците од Требиње ќе извршат увид на лице место кога ќе се исполнат условите за истрагата.

За дополнителни информации за настанот е одговорно Окружното јавно обвинителство во Требиње.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот