Човек се обиде да влезе во дворот на Елисејската палата со запалено шише

Како што пишува „Фигаро” повикувајќи се на потврдени извори, човекот се обидел да се искачи на огромните порти што го штитат местото на живеење на претседателот на Републиката, Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит, тој со себе носел шише со течност и парче ткаенина претходно запалена.

Како што јавија во текот на ноќта француските медиуми, еден човек  се обидел да влезе во дворот на претседателската палата, кој се наоѓа на бројот 55 на улицата Фобург Сен-Оноре, во 8-миот арондисман во Париз, јави дописникот на МИА.

Како што пишува „Фигаро” повикувајќи се на потврдени извори, човекот се обидел да се искачи на огромните порти што го штитат местото на живеење на претседателот на Републиката, Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит, тој со себе носел шише со течност и парче ткаенина претходно запалена.

Ова лице било придружувано од двојка која фотографирала и ја снимала сцената. Тројцата беа приведени за „намерно насилство со оружје”, додава истиот извор.   Полицијата треба да утврди дали запаленото шише е фрлено или лицето едноставно го испуштил предметот.

Истражителите исто така ќе треба да ги откријат мотивите на сторителите. Според полициски извор, течноста во запаленото шише не била опасна и човекот, на возраст од околу триесет години, тврдел дека е уметник кој не сакал да изврши акт на насилство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот