Читач од усни откри што ѝ рекол принцот Луис на својата мајка Кејт Мидлтон во кочијата: Неговите зборови допреа многумина

Кејт Мидлтон со децата / Фото: - / Shutterstock Editorial / Profimedia

Како што и најави во последната објава, принцезата од Велс, Кејт Мидлтон синоќа се појави со сопругот, принцот Вилијам и децата на Роденденската парада на кралот Чарлс Трети.

Сега, читачот од усни Џулиет Саливан откри за „Мејл онлајн“ за што принцезата разговарала со своите деца, поконкретно за коментарот што го дал принцот Луис додека поминувале со кочијата пред толпата.

Имено, додека се возеле во кочијата, многу граѓани го скандирале името на принцезата, мавтале и скокале од радост, а и самиот принц Луис ја забележал среќата што владеела меѓу толпата.

Читач на усни вели дека малиот принц наводно ѝ рекол на мајка си: „Сите изгледаат толку среќни“.

По возењето со кочија, принцезата позираше со другите членови на семејството на балконот на Бакингемската палата.

Ова беше прво јавно појавување на Кејт откако ѝ беше дијагностициран рак. Во неодамнешната објава таа откри дека нејзиното закрепнување напредува добро, но ќе продолжи со превентивна хемотерапија.

ФОТО | По долго времe: Објавена заедничка фотографија на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот