Чичаковски стана управен судија

Фото: Принтскрин

Поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, стана нов судија во Управен суд. Чичаковски во декември 2017 година си поднесе оставка од ДИК, откако тогашниот американски амбасадор во земјава Џес Бејли го обелодени скандалот, дека членовите на ДИК зеле високи надоместоци за три изборни циклуси.

Колешка на Чичаковски ќе му биде Елеонора Хамулиќ Ајро, сопругата на поранешниот обвинител на СЈО, Артан Ајро.

Изборот на апелациони судии е одложен.

Претходно, Судскиот совет, му го продолжи претседателскиот мандат на Илир Сулејмани во Граѓанскиот суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот