Четворица скопјани обвинети за непочитување на полицискиот час​

Фото: Драган Митрески

Основното јавно обвинителство – Скопје денеска до надлежниот Суд поднесе предлози за издавање казнени налози за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија” од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетите, во одвоени кривично-правни настани, не го почитувале важечкиот полициски час и за време на забраната определена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот биле затекнати како се движат на различни локации. Притоа, не поседувале дозвола за движење, па биле запрени и легитимирани од полициски службеници, се наведува во соопштението.

Јавните обвинители за обвинетите му предложија на Основниот кривичен суд – Скопје да определи парични казни од по 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да ја одреди на 20 евра во денарска противвредност.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот