Четирите внуци на кралицата Маргарет ќе ги загубат титулите како принцови и принцези

Данската кралица Маргарета/ Фото EPA-EFE/FILIP SINGER

Кралското семејство на Данска објави дека четирите внуци на кралицата Маргарет ќе ги загубат титулите како принцови и принцези на 1 јануари 2023 година – и вели дека тоа е во согласност со „другите кралски куќи“.

Овој потег се однесува на вториот син на кралицата, принцот Јоаким. Принцот Николај, принцот Феликс, принцот Хенрик и принцезата Атина од следната година веќе нема да ги носат овие титули. Наместо тоа, тие ќе ги користат титулите гроф или грофица и од следната година нема да бидат нивни височества, туку нивни екселенции.

Овој потег нема да влијае на децата на најстариот син на Маргрета и престолонаследник, Фредерик, кој има два сина и две ќерки со сопругата, принцезата Мери.

Во соопштението на данската кралска куќа се вели:

„Одлуката на кралицата е во согласност со слични прилагодувања што ги направија другите кралски куќи во последниве години. Кралицата сака да создаде рамка за четирите внуци за да можат да ги обликуваат сопствените животи, без да бидат ограничени со посебните размислувања и должности што ги вклучува формалната припадност на данската кралска куќа како институција“.

Сите внуци ги задржуваат своите места во наследството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот