ФОТО | Четиригодишните близнаци се најмладите жртви од стравотната автобуска несреќа во Бугарија

Фото: Фејсбук, EPA

Четиригодишни близнаци се најмладите жртви од стравотната автобуска несреќа што се случи утринава на автопатот „Струма“ во Бугарија, кога се запали автобус на „Беса транс“ што се враќаше од Истанбул кон Скопје. Најстариот патник имал 63 години, а повеќето патници се родени помеѓу 1971 и 2004 година, објави БГНЕС.

Во несреќата загинаа 46 лица, а седум се повредени и пренесени во болница и немаат сериозни повреди.

На социјалните мрежи беа објавени фотографии од близнаците за време на нивниот престој во Истанбул викендов, заедно со нивните родители.

Фото: Фејсбук

ТУКА погледнете го целиот список на патници кои биле во автобусот кој утринава се запали во Бугарија.

„Ми изгоре целото семејство“ – Член на семејството Јахи со потресна изјава за „Слободен печат“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот