Четириесет години од смртта на Боб Марли, кралот на реге музиката

Instagram
Instagram

Денеска се навршуваат 40 години од смртта на „кралот“ на реге музиката, Боб Марли, ѕвезда од државите од третиот свет која, како ниту една дотогаш, влијаела на новите жанрови во музиката.

„Светло кое сјае двојно посилно и двапати подолго“, рекла за Марли Џуди Моват, една од трите основачки на групата „I-Threes“ која ја следела реге ѕвездата, во која членува и неговата сопруга, Рита.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Totally 80s (@totally80s)


„Во многу аспекти Боб Марли беше наша најсветла ѕвезда. Направи толку многу за толку кратко време“, изјавила Моват за „France Presse“.

Таа се присетила на 11-ти мај 1981 година.


„Беше неколку дена хоспитализиран во Мајами, кога го добив повикот за смртта на Роберт Неста Марли од компликации настанати поради тумор на ножниот палец кој одбиваше да го лекува поради својата растафаријанска вера. Беше крај на сите тие години соработка“, се присетила Џуди која им се приклучила на „I-Threes“ во 1974 година и сè уште живее на Јамајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Canecazul (@canecazul)


„Многу ме погоди: Боб засекогаш си замина“

„Парите не можат да купат живот“, му кажал славниот музичар на својот син, Зиги, пред смртта. Тој почина 8 месеци по својот последен концерт во Питсбург.

На 40-годишнината од заминувањето на Марли, за првпат повторно се заедно на небото сите тројца основачи на легендарните „The Wailers“, а тоа се Боб Марли, Питер Тош и Бани Вејлер кој почина во март оваа година, на 73-годишна возраст, нагласила Максин Стоу, долгогодишна негова менаџерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот