Четири успешни приказни со пораки за безбедност на работното место – Заштитата е на прво место! (ВИДЕО)

Фото: Промо

Имајќи го предвид фактот дека од година во година професионалните повреди на работното место се случуваат во земјава без тенденција во опаѓање, Македонското здружение за заштита при работа постојано организира кампањи за подигнување на свеста, насочена кон фокусирање на меѓународното внимание на големината на проблемот и на тоа како промовирање и создавање на култура за безбедност и здравје може да помогне во намалување на бројот на смртни случаи и повреди поврзани со работата.

Во последната од низата кампањи, активно учество земаа и неколку истакнати имиња од домашната јавна сцена кои од своја перспектива зборуваа за значењето на безбедноста на работното место. Сите беа согласни во тоа дека секој од нас е одговорен за стопирање на смртни случаи и повреди на работа.

Сигурни сме дека приказните на Драгана Чифлиганец – извршен директор на „Адора Инжињеринг“, актерите Васил Зафирчев и Драгана Левенска и пилотката Стефанија Димеска дополнително ќе ве инспирираат и ќе ја подигнат свеста за заштитата на работното место која што е загарантирана со закон.

Во продолжение во видеата слушнете ги нивните пораки…

Инаку, Македонското здружение за заштита при работа кое што стои зад оваа кампања годинава одбележува 50 години постоење и успешна работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот