Проект „Македонски филм. На големо платно“

Четири наградувани кратки македонски филмови ќе имаат проекција во киното „Синеплекс“

Во рамки на програмата „Македонски филм. На големо платно“, што се реализира по повод 20-годишниот јубилеј на Агенцијата за филм, на 11 мај, со почеток во 19 часот, во киното „Синеплекс“ публиката ќе има можност да проследи селекција од четири наградувани кратки македонски филмови.

На програмата се „Човекот со чудна навика да ме мава со чадор по глава“ на Вардан Тозија, „Намини бар еднаш“ на Косара Митиќ, „Борба за смрт“ на Елеонора Венинова и „Пепи и Муто“ на Георги М. Унковски.

Мајската програма на проектот „Македонски филм. На големо платно“ на Агенцијата за филм беше отворена на 4 мај со проекција на филмот „Преекспонирано“.

Разговор пред проекцијата на филмот „Преекспонирано“

Пред проекцијата на филмот во „Синеплекс“ филмскиот новинар Игор Анѓелков имаше разговор со сценаристката и режисерка Елеонора Венинова и монтажерот и продуцент Гоце Кралевски, со цел приказната во филмот да се доближи до публиката.

Во текот на мај ќе следуваат и проекции на долгометражните играни филмови „Мајки“ на Милчо Манчевски, на 18 мај, и „М“ на Вардан Тозија, на 25 мај. Влезот на сите проекции е бесплатен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот