Фото: архива

Четири мотори изгореле на паркинг во Прилеп

Вчеравечер во Прилеп, на паркинг на фирма од градот, изгореле четири мотоцикли во сопственост на фирмата, соопшти МВР.

„На 19.03.2026 во 21:00 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на паркинг простор пред магацин на правно лице на ул.„Стеван Апостолоски“ во Прилеп настанал пожар во кој изгореле четири мотоцикли, сопственост на правното лице. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Увид е извршен од екипа на ОВР Прилеп“, пишува во полициското соопштение.

Жена на тротинет избегала откако удрила и тешко повредила друга жена во центарот на Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот