Чешка сака да ја забошти експлозијата во Врбјетице за Прага да ја организира средбата Бајден – Путин

Во аферата Врбјетице, поради која почна чешко-руската дипломатска војна, кога Чешка на 17 април објави дека има докази за основани сомневања дека магацините на муниција во сопственост на бугарски дилер на оружје во јужна Чешка, евентуално наменети за Украина, беа разнесени од двајца руски агенти, останува нејасно до денес зошто вицепремиерот Хамачек имаше договорена посета на Москва на 19 април.

Чешкиот вицепремиер Јан Хамачек денеска ги отфрли како целосна измислица информации во медиумите дека планира да ја посети Москва на 19 април за да го прикрие скандалот со експлозијата на магацин за муниција во Врбјетице во 2014 година, за кој се осомничени руски агенти, во замена за еден милион вакцини Спутник В и евентуалната средба Бајден-Путин да се одржи во Прага.

Во аферата Врбјетице, поради која почна чешко-руската дипломатска војна, кога Чешка на 17 април објави дека има докази за основани сомневања дека магацините на муниција во сопственост на бугарски дилер на оружје во јужна Чешка, евентуално наменети за Украина, беа разнесени од двајца руски агенти, останува нејасно до денес зошто вицепремиерот Хамачек имаше договорена посета на Москва на 19 април.

Порталот „Сезнам зправи” денеска објави, повикувајќи се на неименувани учесници на состанокот, дека два дена пред избувнувањето на аферата, на состанокот во чешкото Министерство за внатрешни работи со чешкиот амбасадор во Русија, шефови на две разузнавачки служби и полиција и Врховниот обвинител, Хамачек подготвувал понуда за Русија да се прикрие аферата Врбјетице во замена за испорака на еден милион вакцини Спутник В во Чешка и рускиот претседател Владимир Путин да ја избере Прага како место за евентуална средба со американскиот претседател Бајден.

Според официјалните соопштенија, поранешниот претседател на словачкиот парламент Андреј Данко, кој има добри врски и контакти во Русија, требало да замине во Русија со Хамачек, а покрај официјално објавените разговори за руските вакцини, беше договорена средба и со претседателот на руската Дума, Вјачеслав Володин.

– Тоа е целосна глупост, не знам кој ви го кажа тоа. Не можете да имате информации од директните учесници на состанокот. Тоа е целосно бесмислено, категорично го негираше премиерот Хамачек пишувањето на „Сезнам зправи”.

Чешкиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, кој тогаш беше и министер за надворешни работи, во денешното соопштение истакнуваат дека единствената тема на разговор на тој состанок, што тој не го негира, биле последиците од аферата Врбјетице и протерување на руски дипломати за безбедноста на Чешка и односите со Русија.

Хамачек денеска за чешките медиуми повтори дека закажаната посета требало да служи само како покритие за да може да го покани чешкиот амбасадор од Москва во Прага без руските служби да започнат да се сомневаат дека нешто се подготвува, дури и оти не планира да ја посети Москва. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот