Челзи го откупи Ковачиќ од Реал Мадрид – Слободен печат
СпортФудбал

Челзи го откупи Ковачиќ од Реал Мадрид

Како што и се најавуваше, тоа денеска и се официјализираше, Матео Ковачиќ кој е откупен од Челзи и дефинитивно не се враќа во Реал.

Оваа информација ја потврдија и двете страни, хрватскиот интернационалец Ковачиќ останува во Лондон со потпишан договор на пет години.

Интересен е податокот што лондонските „сини“ имаат забрана од ФИФА за доведување на играчи, ја искористија „дупката во законот“ поради фактот што Хрватот минатата сезона настапуваше за премиерлигашот како позајмица.

Челзи го откупи Ковачиќ (25) од „кралскиот“ клуб за неофицијални 45 милиони евра, иако се шпекулира и сума од 50.000.000.

Во секој случај, со овој трансфер централниот играч за врска од сега е најскапиот платен хрватски фудбалер.

Лани имаше значајна улога во тимот и освојувањето на трофејот во Лига Европа кај Сари кој се пресели во Јуве.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close