Челси го договори првото летно засилување

Одличниот марокански репрезентативец Хаким Зијеш од наредната сезона ќе биде нов член на „сините“ од Лондон.

Англискиот тим имаше забрана за трансфери во летниот преоден рок минатата година, а забраната беше искористена за подмладување на екипата.

Во зимскиот преоден рок, не беше донесено ниту едно засилување иако имаше најави дека менаџерот Френк Лампард имал буџет од дури 150 милиони евра за засилувања, а се чини дека тоа беше затишје пред бура за летниот преоден рок.

Таа започна со купување на Хаким Зијеш од Ајакс, а вредноста на трансферот се очекува да изнесува 45 милиони евра.

Одличниот марокански репрезентативец беше на радарот на Челси уште во зимскиот преоден рок, но Ајакс не сакаше да се откаже од еден своите најдобри фудбалери во текот на сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот