Фото: Општина Центар

Центар подновен со нови клупи и канти за отпадоци

Низ општина Центар се поставени 100 нови клупи и 100 нови канти за отпадоци, за, како што велат од Општината, да се унапреди јавниот простор.

Според градоначалникот Горан Герасимовски поставувањето на кантите е дел од напорите за создавање почиста и поеколошка средина, со што се поттикнува совесно фрлање отпад и одржување на јавниот ред и хигиена. Ново поставените клупи пак имаат придонес кон поквалитетно урбано живеење, овозможувајќи пријатен и функционален простор за одмор, дружење и секојдневно користење од страна на граѓаните.

Ова не е само инвестиција во инфраструктура, туку и поттик за сите нас, да се грижиме за заедничкиот простор и да го чуваме она што ни припаѓа на сите, Општината сме сите ние. Поставувањето на новата опрема е дел од пошироката стратегија на Општината за унапредување на јавната и комуналната инфраструктура – вели Герасимовски, кој упати јавен апел за совесно и одговорно користење на урбаната опрема, особено од страна на младите, кои се најчести корисници на овие простори”

За „Шанса за Центар“ пак, станува збор за предизборно расфрлање со парите на граѓаните.

Без анализа, без јасна цел, без претходно утврдени потреби, без очекувани резултати. Само да се покаже дека „ете нешто се работи“ – велат од иницијативата.

Оттаму додаваат дека е време да се смени фокусот од популистичко расфрлање на парите кон квалитетно одржување на она што го има во општината и добро осмислени плански инвестиции во општинските услуги за да се подигне квалитетот на животот на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот