Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Целосна збрка со „Зимзоленд“ – организаторите сега велат: Не е точно дека нè затвориле, продолжуваме со работа

Откако Општина Аеродром потврди дека ќе се отстранува забавниот парк „Зимзоленд“ во Лисиче, а скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски соопшти дека паркот две недели работел без дозвола од Град Скопје, целосна збрка воведе вечерашната објава на организаторите на манифестацијата, кои велат дека не е точно оти „Зимзоленд“ се затвора и дека ќе продолжи да работи.

„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно“, велат организаторите во објава на социјалните мрежи.

Претходно, Државниот пазарен инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство соопштија дека во забавниот парк се откриени низа пропусти, од кои дел се од санитарна природа, како и дека организаторот воопшто не ја известил АХВ дека на „Зимзоленд“ ќе се продава храна. Ѓорѓиевски, пак, на „Фејсбук“ соопшти дека Град Скопје немал дадено дозвола за таму да се врши дејност.

„Точно е дека во претходните денови имаше инспекциски надзори, но до надлежните служби беше доставена целосната и потребна документација. Нашата мисија останува иста – да создадеме магични моменти, радост и новогодишна атмосфера за сите деца и нашите драги семејства“, велат организаторите вечерва во објавата со содржина спротивна на она што денес го наведоа институциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот