Руска салата/Фото: Профимедиа

Цел живот јадеме руска салата, а ова е вистина за нејзиното име и состојки

Руската салата е задолжителен деликатес на сите празнични маси во Македонија. Ниту една новогодишна трпеза не може да се замисли без нејзиното височество – руска салата. Таа се подготвува традициионално за новогодишната ноќ, аво неа ужива целото семејство. Меѓутоа, она што е интересно за оваа салата е нејзиното потекло, кое со години е предмет на многу дебати.

Ако ги прашате Русите за руската салата, повеќето ќе ве погледнат збунето. Французите исто така. Во Романија и Полска, некои можеби знаат за што станува збор. Меѓутоа, ако ги наброите состојките, тие ќе кимнат во знак на одобрување. Салатата што ја нарекуваме руска во нашата земја постои во речиси сите кујни во светот, дури и во Латинска Америка, но под различно име.

Русите ја нарекуваат Оливие, понекогаш Столична или Московскаја. За Французите тоа е едноставно француска салата, во Чешка тоа е салата од компири, а во Романија тоа е салата од говедско месо. Како и името, состојките варираат од земја до земја.

Салата од Наполеон?

Според една приказна, првиот рецепт го создал Анри Оливие, готвачот на Наполеон Бонапарта. Воениот водач сакал брзи оброци, па затоа готвачот постојано смислувал нови јадења што ќе го импресионираат царот. Еден ден, вака е создадена салатата што денес ја нарекуваме руска.

По падот на Наполеон, Оливие се преселил во Русија, во служба на царското семејство, каде што ја претставил својата „Салата од Наполеон“. Потоа го споделил рецептот со други готвачи на руските аристократски дворови, а во текот на 1860-тите салатата го добила името по нејзиниот творец во Русија – салата од Оливие.

Малку е познато за оригиналната верзија: содржела сечкан зеленчук и месо, можеби мајонез.

„Руска салата“ од ресторанот Ермитаж

Друга приказна го поврзува потеклото на салатата со Москва, престижниот ресторан Ермитаж и готвачот Лусиен Оливие, Белгиец кој работел во ресторанот во средината на 19 век. Неговата салата толку многу им се допаднала на гостите што станала заштитен знак на ресторанот.

Оливие строго го држел рецептот, а состојките биле луксузни: телешки јазик, кавијар, зелена салата, јастог, капари, краставици, варени јајца и таен дресинг.

На почетокот на 20 век, еден од неговите асистенти, Иван Иванов, се обидел да го „дешифрира“ дресингот и направил своја верзија на салатата. Подоцна го продал рецептот на издавачки куќи, правејќи го уште попопуларен. По заминувањето на семејството Оливие од Русија, салатата останала позната како Оливие.

Со текот на времето состојките се менувале

Еден од најстарите печатени рецепти од 1894 година вклучувал: лешници, компири, краставица, зелена салата, опашка од рак, аспик, капари, маслинки и провансалски дресинг (сличен на мајонез).

Како што салатата станала популарна меѓу обичните луѓе, скапите состојки постепено биле заменети со попристапни: кавијарот исчезнал, копарот бил заменет со грашок, а провансалскиот сос бил заменет со мајонез.

Надвор од Советскиот Сојуз, рецептот бил адаптиран на локалните кујни: се додавале моркови (што руските готвачи сè уште го сметаат за „грев“), понекогаш пченка, а месото од рак се заменувало со пилешко или шунка. Дури и во истата земја, рецептот варира од домаќинка до домаќинка, но едно е заедничко – нема новогодишна трпеза без руска салата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот