ЦЕФТА се покажа како клучен партнер во процесот на регионалната интеграција
„ЦЕФТА се докажа како клучен партнер во интеграцијата на регионот во единствениот пазар на ЕУ“, нагласи Данијела Гачевиќ, в.д. директор на Секретаријатот ЦЕФТА, на панелот „Следни чекори – поддршка за регионална интеграција и интеграција со ЕУ“. На овој состанок беше истакната клучната улога на ЦЕФТА во поттикнувањето на трговската соработка, отстранувањето на трговските бариери и спроведувањето на реформите кои го усогласуваат овој регион со стандардите и приоритетите на ЕУ, пишува Политика.рс. Гачевиќ додаде дека напорите веќе донеле конкретни предности за компаниите и граѓаните низ целиот Западен Балкан.
Препорачано
– Намерата е да се изгради регион кој не само што е меѓусебно поврзан, туку и усогласен со стандардите на ЕУ и подготвен да ги искористи можностите што ги нуди Единствениот пазар – рече таа.
На средбата беа истакнати неодамна усвоените ЦЕФТА договори како пресвртница во развојот на Заедничкиот регионален пазар. Овие договори, вклучувајќи ги и оние за е-трговија, испорака на парцели, гео-блокирање, препознавање на програмите на ОЕО, управување со ризик и решавање спорови, ја потврдуваат посветеноста на Цефта за создавање нови можности за компаниите и граѓаните од целиот регион.


