Цариници, шпедитери и возачи здружено го оштетиле државниот буџет за близу 150 илјади евра – избегнувале плаќање увозни давачки за возила
Увозници, шпедитери, возачи во превозни компании и царински службеници организирано вршеле кривична дела со употребени возила кои на нелегален начин биле ставени во промет и завршувале на автоплацевите низ Македонија, без да се платат увозните давачки.
Препорачано
Според директорот на Царинската управа, Бобан Николовски постојат сомневања дека штетата врз Буџетот можно е да биде многу поголема бидејќи е голема веројатноста, ваквите дела да се случувале повеќекратно во изминатите години.
До Основното јавно обвинителтво за гонење на организриран криминал и корупција се поднесени кривични пријави за 24 лица од кои 19 се физички.
Во однос на царинските службеници, во тек се дисциплински постапки по што ќе следуваат соодветни казнени мерки. Станува збор за осуммина цариници.
-Ако се докаже дека направиле вакво дело и дисциплинските постапки завршат во таа насока, тие ќе бидат отстранети (oд работните места) пред да завршат кривичните пријави. При крај се дисциплинските, кажа на прес-конференција директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.


