Бурна љубов и „четврта среќа“: Роберт Дувал ја сакаше 41 година помладата сопруга до својата смрт
Легендарниот Роберт Дувал, еден од најценетите и најразновидните актери на својата генерација, кој со својата тивка интензивност и неспорен авторитет обележа седум децении од американската кинематографија, почина на 95-годишна возраст.
Препорачано
Неговата сопруга, Лусијана Дувал, потврди дека актерот мирно починал во својот дом во Вирџинија. Неговото заминување означува крај на една ера, оставајќи зад себе наследство од улоги што го вброија во пантеонот на холивудските бесмртници.
Иако поседуваше сила и харизма на водечки актер, во срцето секогаш беше карактерен актер – мајстор што знаеше да слуша и да ги направи сите околу себе подобри.

Покрај глумата, Роберт имаше исполнет личен живот. Во текот на својот живот беше во брак четири пати и но немаше деца. Беше во брак со Барбара Бенџамин од 1961 до 1981 година, со Гејл Јангс од 1982 до 1986 година, со Шерон Брофи од 1991 до 1995 година, а со својата четврта сопруга, Лусијана, се ожени во 2005 година и останале заедно до неговата смрт, пишува „Холивуд Лајф“.

Дувал ја запозна својата прва сопруга, Барбара, поранешна водителка и танчерка во шоуто на Џеки Глисон, за време на снимањето на „Да се убие птицата подбивница“. Родена во Њујорк на 10 август 1936 година, таа се појави и во филмовите „Момци и кукли“ и „Додворувањето на таткото на Еди“ под сценското име Барбара Брент.
Барбара има две ќерки од претходниот брак, Ненси и Сузан. Се разведе од Дувал во 1975 година. Почина на 18 септември 2019 година во Њујорк.
По разводот од Барбара, Дувал се ожени втор пат во 1982 година, со актерката Гејл Јангс. Родена на 8 октомври 1952 година во Њујорк, таа се појави со својот сопруг во филмот „Нежна милост“, кој му донесе Оскар за најдобар актер. Таа исто така глумеше во продукциите „Каменото момче“, „Ловец“ и „Полицаец Рок“.
Нивниот брак се соочи со предизвици и завршил со развод во 1986 година. Деталите за нивната врска во голема мера беа чувани во тајност од јавноста.

Дувал беше во брак со танчерката Шерон Брофи од 1991 до 1995 година. Наводно ја запознал кога била членка на трупата „Танго Аргентино“, по што таа станала негова учителка по танго. Малку се знае за Шерон бидејќи таа води осамен живот и нема профили на социјалните мрежи.

Последната сопруга на Дувал беше Лусијана Педраза, аргентинска актерка и режисерка. Тие се запознаа во Аргентина во 1996 година. И покрај големата разлика во годините – Дувал беше четири децении постар – тие развија силна врска што ги надминуваше културните и јазичните бариери.
Тие се венчаа во 2004 година. Лусијана, родена на 7 јануари 1972 година во Буенос Аирес, беше успешна актерка пред да се посвети на режијата. Нивната врска беше различна од неговите претходни бракови – тие често присуствуваа на фестивали, добротворни настани и црвени теписи заедно, покажувајќи меѓусебна љубов и поддршка.
Заедничката страст кон уметноста сигурно придонесе за нивната силна врска. Тие соработуваа и на неколку филмски проекти, а Дувал често истакнуваше дека токму Лусијана му ја врати љубовта кон глумата и филмот, инспирирајќи го да продолжи да го прави она што најмногу го сака.
Почина оскаровецот Роберт Дувал, најпознат по улогите во „Кум“ и „Апокалипса сега“


