Фото: EPA/STR

Бурата во Партизан не стивнува: Си замина и човекот кој требаше да го наследи Обрадовиќ

Кризата во Партизан не запира. По заминувањето на Жељко Обрадовиќ и разделбата со спортскиот директор Зоран Савиќ, црно-белите се соочија со нов удар: клубот остана и без првиот асистент на Обрадовиќ, Владимир Андроиќ.

Претседателот Остоја Мијаиловиќ, гостувајќи во емисијата „Директно со Миња Милетиќ“, откри дека Андроиќ се повлекол од морални причини, бидејќи со Обрадовиќ бил долгогодишен најблизок соработник и пријател. Партизан ја прифатил неговата оставка, иако токму во него гледал привремено решение за клупата. Сепак, остатокот од стручниот штаб засега останува на позициите.

На претстојниот натпревар со Баерн Минхен екипата ќе ја води Александар Матовиќ, со помош на Мирко Оцокољиќ. Клубот допрва ќе го избере новиот прв тренер. Мијаиловиќ умешно избегна одговор на прашањето за евентуално враќање на Андреа Тринкиери со кого имаше отворен конфликт и објасни дека конечната одлука ќе ја донесе новиот спортски директор. Неофицијално како најсериозен кандидат за таа функција се споменува Жарко Паспаљ.

Жељко Обрадовиќ ја одби понудата да продолжи да работи во КК Партизан

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот