Фото: KK Partizan

Жељко Обрадовиќ ја одби понудата да продолжи да работи во КК Партизан

По убедливиот пораз во 13 коло од Евролигата од Панатинатикос во Атина (91:69), тренерот на Партизан Жељко Обрадовиќ си поднесе неотповиклива оставка. Во писмото до клубот, Обрадовиќ кажа дека за жал дојде моментот кога мораше да ја преземе одговорноста за сите лоши работи што се случија оваа сезона.

На 27 ноември, беше одржана итна седница на Извршниот одбор на КК Партизан по повод новата ситуација во клубот и неотповикливата оставка на тренерот. Извршниот одбор, на предлог на претседателот Остоја Мијаиловиќ, едногласно одлучи да не се согласи со оставката на Жељко Обрадовиќ и да му пружи безрезервна поддршка.

Сепак, Обрадовиќ не ја менува одлуката, тоа денеска и официјално го потврди КК Партизан:

Поранешниот тренер на „црно-белите“ остана на својата одлука да не ја повлече оставката поради фактот што не се гледа себеси како работи со сегашниот тим, како и влијанието што секојдневната работа на ова ниво го има врз неговото здравје. Средбата меѓу Жељко Обрадовиќ и членовите на Извршниот одбор на БК Партизан траеше повеќе од два часа, со отворена дискусија за сите проблеми и можни решенија. И покрај низата конструктивни предлози што вклучуваа и можни намалувања во тимот, Жељко Обрадовиќ, заблагодарувајќи им се на сите за нивните зборови за поддршка, не ја промени својата одлука и повеќе нема да биде главен тренер на „црно-белите“.

Кошаркарската и симболичната важност на Жељко Обрадовиќ за Партизан и кошарката на глобално ниво е неизмерна. Празнината што останува тешко може да се пополни. Вратите на Партизан се засекогаш отворени за Жељко Обрадовиќ, а Партизан секогаш ќе биде негов дом. Во врска со новосоздадената ситуација, за почетокот на следната недела е закажана седница на Управниот одбор на КК Партизан, со тема назначување нов спортски директор и стратегија во работата на спортскиот сектор, по што ќе се одржи прес-конференцијастои во соопштението на КК Партизан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот