Бугарските репрезентативци доживеале страшна сообраќајна несреќа во Тбилиси, еден фудбалер завршил на операција

фото: твитер

Делегацијата на фудбалската репрезентација на Бугарија доживеала тешка сообраќајна несреќа вчера вечерта веднаш по слетувањето во Тбилиси каде треба утре да играат против Грузија во рамки на Лигата на наци, а еден репрезентативец морал да биде итно опериран.


На патот до хотелот каде репрезентативците требало да бидат сместени, возачот за првиот од двата автобуси, загубил контрола над возилото и предизвикал судир. Причината за несреќата била пореди возење со неприлагодена брзина во дождливи услови, а репрезентацијата била превезувана со два помали автобуси. Возачот на едниот автобус возел со поголема брзина од дозволената по влажни услови и ја загубил контролата кога пред него оддеднаш запрел автомобил. Потоа вториот автобус удрил во првиот.


Најлошо поминал репрезентативецот Тодор Неделев кој веднаш бил пренесен во болница и потоа бил опериран. Операцијата траела повеќе од два часа бидејќи дел од стаклото би било забиено во главата.

Како мерка на претпазливост, фудбалерот на Ботев ќе остане во болница во Тбилиси уште една недела.
Останатите фудбалери и членови на стручниот штаб на репрезентацијата на Бугарија се добро.
Натпреварот помеѓу Бугарија и Грузија треба да се игта утре од 18 часот во Тбилиси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот