Бугарскиот претседател најави за в понеделник консултации со политички партиии за состав на влада

Четириесет и петтото Национално собрание се свикува во тежок момент, тоа е израз на месечните протести и заедничката волја за промени. Тоаа го нагласи претседателот на Бугарија, Румен Радев во обраќањето пред народот и Националното собрание од собраниската говорница, на првата седница на новоизбраниот 45-ти парламент.

Парламентот е фрагментиран, рече Радев, додавајќи дека многу аналитичари предвидуваат краток живот на 45-тото Национално собрание, но времето ќе покаже каков ќе биде и тоа зависи целосно од пратениците. Колку и да трае, парламентот се соочува со одговорни и итни одлуки – првото е формирање влада, рече Радев.

Кризата со ковид-19, банкроти, сиромаштија, итно ажурирање на буџетот, надминување на драстичното заостанување во сите важни индикатори во ЕУ, потребата за интензивна модернизација на земјата бараат оперативни решенија, рече шефот на бугарската држава.

Радев нагласи дека ќе одржи консултации со парламентарните групи в понеделник за формирање влада.

– Постигнувањето на владејачкото мнозинство, колку и да е потребно, не треба да биде математичка сума на гласови, бидејќи непринципиелна коалиција може само да ја продлабочи кризата…Ја знаете максимата дека кога сите се на власт, луѓето се во опозиција, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот