Бугарскиот премиер Денков страува дека Бугарија нема да влезе во еврозоната на 1 јануари 2025 година

Николај Денков / Фото EPA-EFE/VASSIL DONEV

Бугарскиот премиер Николај Денков изјави дека е можно неговата земја да не влезе во еврозоната на 1 јануари 2025 година, како што е планирано.

Денков за бугарското радио Дарик изјави дека посочениот датум за воведување на еврото во неговата земја „не е сигурен“.

-Тоа што е свето не е датумот, туку да се има јасна насока и да се работи на тоа. Ова е добро за бизнисот, добро за граѓаните, добро за контролата на финансиските институции, рече Денков.

Бугарскиот премиер истакна дека владејачката коалиција прави се што може за да го забрза процесот за влез на Бугарија во еврозоната, пренесува Политико.

Бугарија минатата година се откажа од воведувањето на еврото на 1 јануари годинава бидејќи стапката на инфлација во земјата не го исполни стандардот и допрва треба да се спроведат одредени законски измени.

Потпретседателот на Европската комисија, Валдис Домбровскис, во февруари минатата година изјави дека Бугарија ќе влезе во еврозоната кога ќе ги исполни сите критериуми и дека 1 јануари 2025 година е еден од можните датуми за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот