Бугарски и израелски ривали за ТФТ и Куманово на патот кон Ф4

Викендов продолжува Првата кошаркарска лига со натпреварите од деветтото коло/Фото: kfsm.mk

Менаџментот на Балканската лига ја реализираше жрепката со која беа формирани новите две натпреварувачки групи во регионалното балканско натпреварување.

Согласно со системот за натпреварување, шесте клубови учесници беа распределени во групите „Ф“ и „Г“ во кои ќе имаме две македонски екипи, а по две и од Израел и Бугарија.

Во групата „Ф“ нашиот преставник, ТФТ од Скопје за ривали ги доби екипите на Берое и Хапоел Гилбоа Галил, додека во групата „Г“ пак Куманово 2009 ќе одигра четири натпревари со екипите на Академик Пловдив и Хапоел Холон.

Првопласираните две екипи од двете групи ќе обезбедат место на финалниот турнир кој треба да го даде новиот шампион на БИБЛ лигата.

Со оглед на тоа дека во наредниот период екипата на Хапоел Холон има обврски и во ФИБА Лигата на Шампионите, календарот за одигрување на четирите кола од втората фаза ќе биде формиран подоцна.

Извесно е дека втората фаза ќе се реализира во текот на март, додека пак завршниот „Фајнал-фор“ турнир е предвиден за средината на април, во место кое исто така ќе биде одредено во подоцнежен временски период.

Балканска лига (БИБЛ)

ГРУПА „Ф“

Хапоел Гилбоа Галил (Израел)

Берое (Бугарија)

ТФТ (Македонија)

ГРУПА „Г“

Хапоел Холон (Израел)

Академик Пловдив (Бугарија)

Куманово 2009 (Македонија)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот