Бугарија да ги почитува пресудите од Стразбур за здружувањето на Македонците, побара Ковачевски

Бугарските власти да ги почитуваат одлуките на Судот за човекови права во Стразбур за регистрација на партиите и организациите на Македонците во земјата, согласно со европските правни норми за заштита на малцинските права, и на тие граѓани кои што се самоопределуваат како Македонци, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој рече дека во соседна Бугарија треба да се случува она што се случува во Македонија, каде што се почитуваат правата на сите малцинства.

– Македонци има во скоро сите држави во светот. Како што има Македонци во САД, Германија, така има Македонци и во Бугарија, Грција… Луѓе кои се самоопределуваат како Македонци и ним им следуваат сите права да ги изразат своите желби за самопоределување. Постојат и пресуди на Судот за човекови права кои Бугарија не ги спроведува. Ги повикувам бугарските власти да постапат согласно, бидејќи земјата е членка на ЕУ, и да бидат почитувани сите права на секој поединец кој се самоопределува различно, рече Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот