epa08894913 Juventus' goalkeeper Gianluigi Buffon reacts during the Italian Serie A soccer match Parma Calcio vs Juventus FC at Ennio Tardini stadium in Parma, Italy, 19 December 2020. EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Буфон предупредува: „Од дрскост паднавме во страв – изгубивме 20 години“

Џанлуиџи Буфон жестоко ја критикува состојбата во италијанскиот фудбал, предупредувајќи дека „Аѕурите“ плаќаат за две децении лоши одлуки. Иако Италија пред четири и пол години стана првак на Европа, националниот тим денес е на удар на јавноста и повторно е во ризик да го пропушти Светското првенство.

Буфон смета дека изборот на Џенаро Гатузо како селектор е последица на хаосот во системот, иако нагласува дека Гатузо е професионалец со 12-годишно тренерско искуство.

„Франција е силна 30 години, Шпанија 20. Ние живееме во транзиција и сѐ уште не знаеме по кој пат да тргнеме. Плаќаме за грешките направени пред 20 години, кога мислевме дека ќе бидеме вечни,“ вели Буфон.

Тој додава дека во Фудбалскиот сојуз конечно се појавуваат позитивни проекти, но предупредува дека потребно е трпение и долгорочно планирање.

Говорејќи за квалитетот на противниците, Буфон ја истакна и Норвешка: „Тоа е еден од најсилните тимови во Европа, физички моќен и полн таленти.“

На крај, Буфон се осврна и на својот син Луис Томас, кој настапува за Чешка У19: „До пред неколку месеци имаше еден процент шанси да стане фудбалер, сега има половина. Да не лета во облаци – ништо уште не постигнал.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот