БСП ќе поднесе жалба до Уставниот суд доколку Радев не стави вето на договорот за воена помош за Украина

Лидерката на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова, Фото: Архива

Лидерката на бугарските социјалисти, Корнелија Нинова најави дека БСП, доколку претседателот Румен Радев не стави вето на договорот за оружје за Украина, ќе му сигнализира на Уставниот суд на Бугарија.

Нинова потсети дека Радев постојано даваше изјави дека тоа може да ја доведе Бугарија во војна, „а сега се чини дека неговата техничка влада, министерот за одбрана, го потпишал овој договор”.

„Доколку претседателот не стави вето, ќе започнеме организација за Уставен суд, бидејќи оваа одлука е противуставна”, рече Нинова на средбата со членовите на нејзината партија во Ќустендил.

Таа прецизира дека во потпишаниот договор стои дека бугарската влада може самостојно, на затворен состанок, да го промени списокот на оружје што е предвидено, како и условите на договорот.

Според Нинова, меѓународните договори не може да ги менува владата во Софија, тие треба да поминат низ ратификација во Народното собрание, според уставот. „Ова е тотално кршење на Уставот”, посочи Нинова.

Подобро е да се прекине навреме, бидејќи ако почне да се спроведува, а Уставниот суд донесе пресуда, по два-три месеци може да го прогласи за неуставен.

Нинова изрази надеж дека бугарскиот претседател Радев „ќе покаже разум”, но сепак рече дека се сомнева дека тој ќе реагира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот