Рецепт за брзи крофни од рерна, не се пржат во длабоко масло

Фото: Rawpixel

Крофните се омилен сладок деликатес што ни го подготвуваа бабите. Тие големи, меки, воздушни топчиња посипени со шеќер во прав на сите им се омилени, но подготовката на традиционални крофни воопшто не е лесна. Тука е и делот со пржење во длабоко масло, што не е здраво, а стоењето покрај шпорет е напорно.

Затоа, за вас пронајдовме рецепт за вкусни крофни од рерна, кои се прават двојно побрзо, а вкусот е фантастичен!

Фото: PxHere

Состојки:

– 40 грама свеж квасец
– 900 грама остро брашно + околу 100 грама меко брашно за премесување и обликување
– 4 цели јајца
– 300 мл јогурт
– 200 мл вода
– 150 грама шеќер + околу 150 за посипување на крофните
– 150 грама маргарин + 100 за премачкување

Фото: Bakesbybrownsugar

Подготовка:

Во млака вода разматете го квасецот и додајте една лажица шеќер. Во вангла сипете ги острото брашно, јогуртот, јајцата, остатокот од шеќерот, растопениот маргарин и квасецот што отстојал неколку минути. Со црпалка соединете го тестото за да биде меко и лепливо. Добро изработете го со црпалката, па оставете го да одмори еден час, за да се удвои во големина.

Кога тестото ќе нарасне, работната површина посипете ја со меко брашно, истресете го тестото и месете го нежно и полека. Површината и тестото повторно посипете ги со брашно, па расукајте го со сукало до дебелина од 1 до 1,5 см. Со чаша извадете крофни од тестото и ставете ги во плех што сте го премачкале со друг маргарин. Погрижете се да оставите простор помеѓу крофните, бидејќи многу ќе нараснат, а поради тоа, сигурно за сите нема да имате простор во еден плех.

Првата тепсија со крофни оставете ја да отстои 15 минути, па вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени. Дури потоа со чаша извадете ја втората тура крофни, за да не ви прекиснат ако ги извадите кога и првите.

Кога рерната ќе се загрее, а крофните ќе се удвојат во големина, ставете ги да се печат додека не добијат светло кафеава боја. Додека се печат, растопете го остатокот од маргаринот и веднаш штом ќе ги извадите од рерна, премачкајте ги крофните и извалкајте ги во прав шеќер, или мешавина од шеќер и цимет.

Уживајте!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот